ПРВ.мк
Сцена

СКАНДАЛ ВО ЕСТРАДАТА: Мина Костиќ завршила на психијатријa - во фокус приватната драма со партнерот!

СКАНДАЛ ВО ЕСТРАДАТА: Мина Костиќ завршила на психијатријa - во фокус приватната драма со партнерот!

Регионалните медиуми објавуваат нови тврдења поврзани со здравствената состојба на пејачката Мина Костиќ, откако се појавија информации дека таа наводно била примена во Специјалната болница за психијатриски болести „Д-р Лаза Лазаревиќ“ во Белград.

Според пишувањата на српските медиуми, кои се повикуваат на извори блиски до пејачката, Костиќ во последниот период поминувала низ сериозен емотивен и психички притисок, при што се споменува дека станувало збор за состојба на депресија поврзана со приватни и професионални проблеми.

Во центарот на вниманието се наоѓа и нејзиниот однос со партнерот Мане Ќурувија Каспер, кој живее во САД. Според неофицијални информации, разделеноста меѓу нив дополнително влијаела врз нејзината психичка состојба.

Медиумите пренесуваат и дека во нејзиното непосредно опкружување биле забележани промени во однесувањето во последниот период, при што таа наводно била повлечена и помалку присутна во јавноста, но овие информации не се официјално потврдени.

Според истите наводи, партнерот на пејачката по добивање на вестите за нејзината наводна хоспитализација отпатувал во Србија и се обидел да дознае повеќе за нејзината состојба.

Нејзината сестра Биза изјавила дека не располага со информации и дека подолг период немале контакт.

Засега нема официјална потврда од семејството или од здравствените институции, а од болницата не се изнесуваат детали поради заштита на приватноста на пациентите.