ПРВ.мк
Сцена

Скандал, неверство и драматичен пресврт: Сталоне ја оставил сопругата со писмо, па открил шок вистина за бебето на љубовницата!

Скандал, неверство и драматичен пресврт: Сталоне ја оставил сопругата со писмо, па открил шок вистина за бебето на љубовницата!

Љубовниот живот на Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин со децении е обележан со турбуленции, прекини и повторни обиди за заеднички живот, при што нивната приказна често била под будното око на јавноста.

Иако парот во еден момент бил на чекор до конечен развод пред неколку години, успеал да ги надмине кризите и да остане заедно, продолжувајќи го својот брак кој трае повеќе од две децении. Сепак, нивниот однос и во минатото бил сериозно нарушен од афери и драматични настани.

Сталоне зад себе има два претходни брака пред да ја запознае Џенифер. Од првиот брак со актерката Саша Чак има два сина, Сејџ и Серж, при што трагично Сејџ почина на 36-годишна возраст, додека Серж се соочува со здравствени предизвици од најрана возраст. Подоцна актерот беше во брак и со данската манекенка Бриџит Нилсен, но и тој однос не траел долго.

Судбоносната средба со Џенифер се случила во 1988 година во Беверли Хилс, по што нивната врска брзо напредувала, па следувале свршувачка и планови за свадба. Но, пред да дојде до брак, дошло до голем пресврт што речиси ја уништил нивната врска.

Според медиумските извештаи, Сталоне тогаш имал афера со моделот Џенис Дикинсон, поради што ја прекинал врската со Џенифер на шокантен начин – наводно ѝ испратил писмо во кое ја известил дека сака развод. За Флавин тоа било голем емотивен удар и ненадеен крај на нивната врска.

Ситуацијата дополнително се искомплицирала кога Дикинсон родила ќерка, а Сталоне првично верувал дека тој е таткото на детето. Девојчето дури и го носело неговото презиме, но подоцна ДНК тест покажал дека тој не е биолошкиот татко, по што актерот ја прекинал таа врска.

По овој пресврт, Сталоне се вратил кај Џенифер, која сепак одлучила да му даде уште една шанса. Двојката конечно стапила во брак во 1997 година во Лондон, а во текот на годините добиле три ќерки кои денес се јавни личности.

Иако нивниот брак подоцна повторно се соочил со криза во 2022 година, парот на крај успеал да ги надмине несогласувањата и да остане заедно, продолжувајќи ја заедничката приказна која трае повеќе од три децении и е исполнета со бројни подеми и падови.

Најнови вести