ПРВ.мк
Македонија

МИТКО ЈАНЧЕВ ПРИМИ ПЛАКЕТА ЗА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Средба на градоначалникот со Едмонд Сотир по повод јубилејното „Македонско културно лето“

МИТКО ЈАНЧЕВ ПРИМИ ПЛАКЕТА ЗА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Средба на градоначалникот со Едмонд Сотир по повод јубилејното „Македонско културно лето“

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, оствари работна средба со Едмонд Сотир (Edmond Sotir), познат актер и организатор на реномираниот фестивал „Македонско културно лето“. Оваа значајна манифестација годинава по јубилеен 20-ти пат ќе се одржи во Преспа, во рамките на Општина Пустец во Албанија.

По повод големиот јубилеј на фестивалот, Сотир на градоначалникот Јанчев му врачи свечена плакета во знак на огромна благодарност за неговата континуирана поддршка во зачувувањето, негувањето и афирмацијата на македонскиот културен идентитет меѓу Македонците кои живеат надвор од границите на матичната држава.

За време на средбата, соговорниците го истакнаа огромното значење на културната соработка и потребата од континуирана поддршка на ваквите настани, кои силно ги поврзуваат Македонците на Балканот и директно придонесуваат за зачувување на македонската традиција, јазик и културно наследство.

Најнови вести