Настапот на српската пејачка Дара Бубамара во еден плажен бар на црногорското приморје бил прекинат откако полицијата извршила рација во локалот.
Според пишувањата на српските медиуми, полицајците влегле во објектот додека траел настапот, по што пејачката веднаш ја напуштила сцената. На присутните гости им било наредено да седнат додека траеле полициските проверки.
Како што пренесува „Телеграф“, Дара Бубамара и нејзината колешка Катарина Грујиќ останале во локалот повеќе од половина час за време на акцијата.
На настапот присуствувал и партнерот на Дара Бубамара, кој според медиумските наводи бил во друштво на нејзини пријатели и на Катарина Грујиќ. Тој за време на вечерта објавувал видеа на социјалните мрежи од атмосферата.
Засега нема официјални информации дека при полициската акција биле приведени лица или дека биле констатирани неправилности.








