Браќата инфлуенсери Ендру Тејт и Тристан Тејт се уапсени во Мајами, откако британските власти побарале нивна екстрадиција поради обвиненија за силување и трговија со луѓе за сексуална експлоатација.
Тие биле приведени од припадници на Службата на американските маршали врз основа на запечатен налог, соопшти портпаролот на агенцијата, Брејди Мекарон.
Британското обвинителство наведува дека браќата извршиле кривични дела врз повеќе жени во периодот од 2010 до 2017 година во областа северно од Лондон, каде што и пораснале.
Ендру и Тристан Тејт, кои имаат двојно државјанство на САД и Велика Британија, претходно беа уапсени во Романија во 2022 година под сомнение дека биле дел од организирана шема за врбување жени за сексуална експлоатација. Тие ги негираа сите обвиненија, а случајот во Романија беше запрен поради правни и процедурални проблеми.
Минатата година им беше дозволено да ја напуштат Романија, по што со приватен авион заминаа во Флорида.
Се очекува браќата наскоро да се појават пред федерален суд во Мајами.
Нивниот адвокат Џозеф Мекбрајд изјави дека тие целосно ги негираат обвиненијата и ги нарече новите обвинувања „клеветничка кампања“, тврдејќи дека се прават обиди тие никогаш да не се појават пред суд.









