ПРВ.мк
Сцена

МИЛИОНИ И ПОКРАЈ НЕУСПЕХОТ: Откриено колку заработила Меланија Трамп од документарецот за неа!

МИЛИОНИ И ПОКРАЈ НЕУСПЕХОТ: Откриено колку заработила Меланија Трамп од документарецот за неа!

Иако документарниот филм за Меланија Трамп не ги исполни очекувањата на кино благајните, поранешната прва дама на САД сепак заработила повеќе од 10 милиони долари од проектот.

Информацијата е објавена во финансискиот извештај на американскиот претседател Доналд Трамп, каде е наведено дека приходот произлегува од лиценцирањето на ликот и правата на Меланија за потребите на документарецот.

Филмот, насловен едноставно „Меланија“, започна да се прикажува во кината во јануари годинава и предизвика поделени реакции. Додека филмските критичари му дадоа многу ниски оценки, публиката го оцени значително попозитивно. На платформата Rotten Tomatoes, филмот доби околу 10 проценти позитивни критики од критичарите, но дури 99 проценти позитивни оценки од гледачите.

Сепак, позитивниот прием кај публиката не се претвори во голем комерцијален успех. Според достапните информации, филмот заработил околу 16,6 милиони долари ширум светот, што е значително помалку од средствата вложени во проектот. Продукцијата била поддржана од Amazon MGM со договор вреден околу 40 милиони долари, а дополнителни околу 35 милиони долари биле потрошени за маркетинг и промоција.

И покрај скромните резултати, Доналд Трамп претходно изјави дека документарецот бил „многу успешен“ и ја пофали Меланија, нарекувајќи ја „голема филмска ѕвезда“. Тој тврдеше дека салите биле исполнети и дека дел од гледачите се враќале повеќепати за повторно да го погледнат филмот.