ПРВ.мк
Сцена

ЛЕПА БРЕНА ПАДНА НА НАСТАП ВО БУДВА: Веднаш скокнаа да ѝ помогнат – Прија и новата снаа играа, а еве што правеше Виктор цела ноќ!

ЛЕПА БРЕНА ПАДНА НА НАСТАП ВО БУДВА: Веднаш скокнаа да ѝ помогнат – Прија и новата снаа играа, а еве што правеше Виктор цела ноќ!

Лепа Брена синоќа доживеа неочекуван пех на својот концерт во Будва, кога за време на изведбата на една песна падна на бината.

Елегантно издание и неочекуван момент Концертот во Будва започна во одлична атмосфера кога Лепа Брена се појави пред публиката во елегантен син фустан и ги запеа своите големи хитови, што веднаш предизвика одушевување кај присутните. Сепак, среде настапот се случи драматична и непријатна ситуација. За време на изведбата на една песна, пејачката се сопна на сцената и падна директно на бината.

Реакција за која сите зборуваат Наместо паника или прекин на програмата, Лепа Брена само се насмеа и продолжи да пее без пауза. Набрзо во помош ѝ притекнаа соработниците од бината. Таа со нивна помош стана и веднаш продолжи со настапот како апсолутно ништо да не се случило.

Снимката стана хит на социјалните мрежи Овој момент веднаш беше забележан од камерите од публиката, а видеото брзо почна да се шири по социјалните мрежи. Еден од коментарите во описот на видеото посебно привлече внимание и ја насмеа јавноста: „Не си бил на концерт на Брена ако Брена не паднала пред тебе“.

Брена промени две комбинации Инаку, пејачката се појави и во бела гламурозна облека со очила. Костимот беше целиот од бисери, додека во синиот фустан ги покажа своите витки нозе и фантастична линија.

Прија играше на настапот со новата снаа На настапот на Лепа Брена цела ноќ играше и Александpа Пријовиќ, која беше во сепарето со новата девојка на Виктор Живојиновиќ. Прија носеше долг фустан со светки кој ја истакна нејзината витка фигура, додека новата снаа на Брена воодушевено ги пееше сите хитови на балканската ѕвезда.

Од друга страна, Виктор Живојиновиќ цело време вредно работеше – тој се грижеше за организацијата на самиот концерт додека неговата нова девојка се забавуваше.

Најнови вести