ПРВ.мк
Сцена

Јелена Карлеуша повторно го крена медиумскиот прашинак - оваа особа беше нејзина придружба

Јелена Карлеуша повторно го крена медиумскиот прашинак - оваа особа беше нејзина придружба
Escape

Јелена Карлеуша повторно го крена медиумскиот прашинак – но овојпат не со провокативен стајлинг, туку со друштвото во кое летуваше во Црна Гора. Иако јавноста со месеци следи какви ќе бидат следните чекори во нејзиниот нарушен однос со Душко Тошиќ, никој не очекуваше дека таа ќе летува токму со неговата сестра!

Се' почна кога Карлеуша објави серија фотографии од јахта, каде позира во минималистички костим за капење. Фановите веднаш започнаа да шпекулираат со кого е на одмор – но одговорот дојде кога се врати во Белград.

На аеродромот беше фотографирана заедно со своите ќерки Атина и Ника, но вистинско изненадување беше присуството на Катарина – сестрата на Душко Тошиќ, заедно со нејзината ќерка. Иако јавноста одамна знае дека односите меѓу Јелена и Душко се на климави нозе, таа очигледно останала во блиска врска со неговото семејство.

Топлата прегратка меѓу Јелена и Катарина при разделбата сведочи за нивната блискост и почит, што само ги разгоре прашањата – дали Душко навистина ја изгубил поддршката дури и од најблиските?

Овој потег на Карлеуша само ја потврдува нејзината способност да ги изненадува сите – дури и кога се мисли дека нема што ново да покаже.

Mia Home Mavrovo