По трагичната загуба на Саша Поповиќ, јавноста со нетрпение чекаше одговор – дали „Ѕвездите на Гранд“ ќе продолжат? Директорот на продукцијата, Горан Шљивиќ, конечно ја откри вистината и ги сруши сите сомнежи.
Во емотивно обраќање, тој порача дека шоуто не застанува – напротив, следува нова сезона со свежи музички ѕвезди и целосна поддршка од тимот што со години го градел брендот „Гранд“.
„Сè функционира совршено – имаме тим што е со нас повеќе од 20 години. Сакам да се заблагодарам на жирито за поддршката, и да ве увериме – шоуто продолжува“, изјави Шљивиќ во специјална емисија посветена на „Ѕвездите на Гранд“.
Аудициите за новата сезона се веќе завршени, а одзивот бил масовен. Иако смртта на Поповиќ остави голема празнина, тимот останува обединет, со позитивна енергија и јасна визија за иднината на најгледаното музичко шоу на Балканот.
„Кандидатите се тука, жирито е тука – продолжуваме посилни од кога било“, порача директорот, оставајќи ја публиката со надеж и возбуда за тоа што следува.