ПРВ.мк
Сцена

ГОЛЕМА РАДОСТ ЗА ПАРОТ: Александра Јанева и ракометарот ја споделија радоста од бременоста - ова е полот на бебето!

ГОЛЕМА РАДОСТ ЗА ПАРОТ: Александра Јанева и ракометарот ја споделија радоста од бременоста - ова е полот на бебето!
Kristal

Пејачката Александра, талентирана струмичанка, го објави најсреќниот момент од својот живот – таа и нејзиниот сопруг Иван од Штип ќе станат родители на ќерка. Веста ја споделија преку социјалните мрежи, заедно со прекрасна фотосесија на Козјак, која го одбележа ова емотивно откритие.

„Создавајќи албум кој го слави женскиот дух, сила и љубов, не знаев дека универзумот ме слуша и подготвува за најважната премиера во нашиот живот. Те чекаме, малечка“, напиша Александра, откривајќи го и полот на детето.

Честитки за младата брачна двојка пристигнаа од сите страни, а во интервју за „Слободен печат“, Александра раскажа како започнала нивната љубовна приказна:

– Се запознавме преку заеднички пријатели, но љубовта се роди подоцна, кога двајцата почнавме да комуницираме сами, без посредници. Уште пред да се запознаеме, тој имал плејлиста на неговото УСБ во автомобилот со неколку мои песни и се уверив дека ги знае и ги сака повеќето мои песни по нашето запознавање. И двајцата сме си голема поддршка еден на друг, се мотивираме заеднички, ги славиме заеднички нашите успеси, но и заеднички се тешиме кога нешто не оди според планот – откри таа.

Покрај музиката, Александра по професија е стоматолог, што ја прави нејзината приказна уште поинспиративна – комбинација од уметничка страст и професионална посветеност. Сега, семејството се подготвува да го пречека своето прво дете и новата животна улога на мајка ја исполнува Александра со неизмерна радост.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape