ПРВ.мк
Црна Хроника

КРАЖБА КАКО НА ФИЛМ: Разбојници за миг ја ограбија продавницата со накит - еве како успеаа да го направат тоа!

КРАЖБА КАКО НА ФИЛМ: Разбојници за миг ја ограбија продавницата со накит - еве како успеаа да го направат тоа!
Kristal

Снимка од брутална кражба во лондонската населба Ричмонд за кусо време стана вирална на социјалните мрежи, предизвикувајќи шок кај јавноста. Двајца маскирани мажи во саботата претпладне, околу 10:30 часот, со чекан го скршиле излогот на семејната златара „Gregory & Co“ и однеле вреден накит, сè пред очите на минувачи.

На видеото се гледа како еден од напаѓачите, облечен во црно и со фантомка на лицето, упорно го удира излогот, додека неговиот соучесник стои на готовс со торба. Ламинираното безбедносно стакло кратко време пружило отпор, но по повеќе силни удари попуштило и крадецот успеал да го извади накитот. Потоа, соучесникот веднаш го ставил пленот во подготвената сина торба и дватајцата исчезнале од местото на настанот.

Мнозинството сведоци биле во шок и не реагирале, а најмалку едно лице успеало да го сними целиот инцидент со мобилен телефон. Еден очевидец за The Daily Mail изјавил дека напаѓачите „се појавиле од никаде со чекан и торба и веднаш почнале да го кршат прозорецот“.

Полицијата од Лондон потврди дека е покрената истрага, а засега нема информации дали се уапсени сторителите. Инцидентот ја потврдува потребата од дополнителни безбедносни мерки за златарските продавници, особено во густо населените и прометни делови на градот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape