ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕОДГОВОРНО ВОЗЕЊЕ ВО ОХРИД: Mажот го прекршил законот и возел иако имал забрана - еве каква казна доби!

НЕОДГОВОРНО ВОЗЕЊЕ ВО ОХРИД: Mажот го прекршил законот и возел иако имал забрана - еве каква казна доби!
Kristal

Полициски службеници од СВР Охрид поднеле кривична пријава против 44-годишен охриѓанец кој бил затекнат како управува патничко возило, иако имал изречена и впишана заштитна мерка „забрана за управување со моторно возило“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 1 февруари 2026 година околу 17:00 часот, на улицата „Железничка“ во Охрид било сопрено патничко возило марка „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.С. (44) од Охрид. По извршените службени проверки било утврдено дека возачот управувал со возилото и покрај активната забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

За настанот бил известен јавен обвинител, а возилото веднаш било одземено. По целосно документирање на случајот, против Ј.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape