ПРВ.мк
Сцена

Специјален B-13 Podcast од Белград: Надa Топчагиќ, Злата Петровиќ и Урош Марков во епизода што ветува искреност и емоции

Специјален B-13 Podcast од Белград: Надa Топчагиќ, Злата Петровиќ и Урош Марков во епизода што ветува искреност и емоции
Kristal

B-13 Podcast продолжува со силна динамика и ексклузивни изданија, а епизода 18 носи специјален подкаст снимен во Белград, со гости од самиот врв на регионалната сцена. Во ова издание, Бојан Јовановски – Боки13 разговара со три силни и препознатливи имиња: Нада Топчагиќ, Злата Петровиќ и Урош Марков.

Епизодата е најавена како специјално издание, во кое се отвораат теми за животот, кариерата, јавната сцена и искуствата што ретко се слушаат во ваков формат. Присуството на гости со децениска кариера и силен личен печат ѝ дава дополнителна тежина на оваа епизода, која ветува искрен разговор, автентични ставови и моменти што ќе привлечат големо внимание кај публиката.

Визуелот од подкастот најавува елеганција, став и сериозност – комбинација која одамна стана заштитен знак на B-13 Podcast. Снимањето во Белград уште еднаш ја потврдува регионалната ориентација на форматот и амбицијата да се носат содржини со пошироко значење и влијание.

Епизода 18 ќе биде објавена во понеделник, 02.02.2026 година, со почеток во 21:00 часот, на YouTube каналот Boki13-Official, каде гледачите ќе имаат можност да ја проследат целата емисија во целост.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo