ПРВ.мк
Сцена

ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНИЈА: Тина Русева победи на „The Voice of Europe“ - еве како изгледаше тоа!

ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНИЈА: Тина Русева победи на „The Voice of Europe“ - еве како изгледаше тоа!
Kristal

Младата и талентирана струмичанка Тина Русева го освои првото место на престижното европско музичко натпреварување „The Voice of Europe 2025“, потврдувајќи го својот исклучителен вокален квалитет и сценска харизма.

Тина ги воодушеви и жирито и публиката со моќен вокал, емоционална интерпретација и сигурен сценски настап, со што заслужено се искачи на врвот на ова реномирано натпреварување.

По одличниот настап на „The Voice of Germany“ кон крајот на минатата година, Русева успеа да се пласира во финалето на „The Voice of Europe“, каде што во силна конкуренција го освои првото место.

„The Voice of Europe“ е онлајн музички натпревар, а Тина до финалето стигна благодарение на огромната поддршка од фановите и публиката. Во рок од само 24 часа таа собра над 40.000 гласови, што претставува редок и импресивен успех.

Со оваа победа, Тина Русева уште еднаш докажа дека македонската музичка сцена има млади уметници со европски и светски потенцијал, а нејзиниот успех е гордост не само за Струмица, туку и за целата држава.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo