ПРВ.мк
Сцена

ЕМОТИВНА ИСПОВЕД НА НАТАША БЕКВАЛАЦ: Додека татко ѝ славеше роденден, пејачката откри детали што ја следат од детството!

ЕМОТИВНА ИСПОВЕД НА НАТАША БЕКВАЛАЦ: Додека татко ѝ славеше роденден, пејачката откри детали што ја следат од детството!

Во семејството Беквалац деновиве имаше посебен повод за славење. Драгољуб Беквалац, таткото на познатите сестри Наташа, Кристина и Драгана Беквалац, го прослави својот 74. роденден, а честитките од неговите најблиски предизвикаа големо внимание кај јавноста.

По тој повод, неговата помлада ќерка Кристина сподели емотивна порака на социјалните мрежи, придружена со заедничка фотографија со својот татко.

„Тато, среќен 74. роденден. Те сака твојата Кика“, напиша таа во објавата.

Но, покрај убавиот семеен момент, во јавноста повторно се актуализираше и искреното признание на Наташа Беквалац за односот со својот татко и едно чувство што, како што открила, го носела уште од детството.

Пејачката, која е мајка на две деца и една од најпознатите регионални музички ѕвезди, во едно свое интервју отворено зборувала за семејните односи. Таа открила дека како мала понекогаш се чувствувала помалку вредна поради фактот што нејзиниот татко долго време посакувал машко дете.

Наташа раскажала дека подоцна дознала за семејната приказна дека нејзиниот татко очекувал син, но наместо тоа добил уште една ќерка, што во одреден период оставило трага врз нејзиното детско чувство на вредност.

„Мислам дека подоцна во животот станав посакувано дете, но во моментот кога татко ми дознал дека добил уште едно девојче, не бил пресреќен. Подоцна ја дознав таа семејна приказна и, како женско дете, тоа ми создаде одредени проблеми“, открила пејачката.

Сепак, Наташа нагласила дека тоа никогаш не значело дека била лишена од љубов или внимание од своите родители. Напротив, таа истакнала дека денес има исклучително близок и исполнет однос со своето семејство.

„Не можам да кажам дека моите родители не ме сакале. И денес сум сакана и имаме прекрасен, длабок однос“, посочила таа.

Пејачката додала дека желбата на нејзиниот татко да добие син, а фактот дека добил три ќерки – Наташа, Кристина и Драгана – во одреден период влијаела врз тоа како тие се чувствувале како деца, но дека со текот на годините семејните односи станале уште посилни.

Најнови вести