ПРВ.мк
Сцена

ДРАМА ПО НАСТАПОТ: Десингерица итно заврши во болница, фотографија од инфузија ја вознемири јавноста!

ДРАМА ПО НАСТАПОТ: Десингерица итно заврши во болница, фотографија од инфузија ја вознемири јавноста!

Српскиот изведувач Драгомир Деспиќ – Десингерица бил итно пренесен во болница по својот настап во Будва, откако, според информациите, му се слошило и се онесвестил.

По настапот, доцна вечерта, тој завршил на лекарска интервенција, а на социјалните мрежи се појавила фотографија на која се гледа како лежи во болнички кревет и прима инфузија.

Според фотографијата што се прошири на интернет, Десингерица изгледал видно исцрпено и во лоша физичка состојба. Објавата дополнително привлече внимание откако негов пријател напишал: „Се враќаме во старите времиња“.

Летово Десингерица има голем број настапи долж црногорското приморје, поради што најголемиот дел од сезоната го минува настапувајќи во Будва, Сутоморе и други туристички места.

Во изминатите недели тој неколкупати беше во центарот на вниманието. Освен контроверзите околу неговите настапи и барањата тие да бидат забранети, неодамна беше и приведен во Црна Гора.

Тогаш полицијата го приведе затоа што кај себе немал лични документи. За време на полициска контрола на еден од неговите настапи било утврдено и присуство на малолетници кои консумирале алкохол.

По инцидентот, Десингерица јавно призна дека направил прекршок.

„Немав документи кај себе. Ако тоа е прекршок, виновен сум. Го почитувам законот, бев во странска држава и ја платив казната. Полицијата само си ја вршеше работата“, изјавил тој.

Тој додал дека неколку часа поминал во полициска станица, но нагласил дека не станува збор за ништо драматично и дека нема причина случајот дополнително да се сензационализира.

Засега нема официјални информации за здравствената состојба на Десингерица, ниту дали ќе мора да ги одложи следните настапи.