Српската пејачка Јелена Карлеуша предизвика реакции на социјалните мрежи со своите објави по парламентарните избори во Србија, на кои Александар Вучиќ и неговата Српска напредна странка претрпеа пораз.
Карлеуша, која јавно го поддржуваше Вучиќ, изрази силно незадоволство од изборните резултати, оценувајќи дека Србија се соочува со сериозна опасност.
„Почна уништувањето на мојата држава“
Во една од објавите пејачката упати драматична порака, во која ги означи американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск.
„Почна уништувањето на мојата држава. Од седум милиони луѓе, два милиони Срби гласаа за анархија, насилство и уривање на државата. Беа доведени во заблуда и измамени, а сега е предоцна. Срцето ми се крши поради тие деца“, напиша Карлеуша.
Со означувањето на Трамп и Маск, пејачката се обиде нејзината порака да допре и до меѓународната јавност.
„Што си направија Србите самите на себе?“
Карлеуша продолжи со серија објави во кои ги критикуваше изборните резултати и граѓаните кои гласаа против досегашната власт.
„Сите непријатели на Србија слават. Што направивте?“, напиша таа во една од пораките.
Во друга објава праша: „Вучиќ изгуби, а кој победи? Знае ли некој кои се тие?“
Нејзините реакции предизвикаа дополнителни полемики, особено поради нејзината претходна јавна поддршка за Вучиќ и критиките кон студентските протести.
Хрватскиот портал „24сата“ остро ги коментираше нејзините објави, исмејувајќи го обидот преку социјалните мрежи да им се обрати на Трамп и Маск.
Засега нема информации дека некој од двајцата одговорил на пораките на пејачката.









