По информациите дека популарната пејачка Теа Таировиќ била итно оперирана поради сериозни здравствени проблеми, се огласи нејзиниот ПР-тим и откри како се чувствува по медицинската интервенција.
Веста за нејзината хоспитализација предизвика загриженост кај бројните обожаватели, особено по информациите дека пејачката била во животозагрозувачка состојба.
Сепак, од нејзиниот тим пристигнаа охрабрувачки вести.
„Теа Таировиќ сега е добро. Не би сакале да откриваме детали за нејзината здравствена состојба. Таа лично ќе ѝ се обрати на јавноста кога ќе биде во можност. Ве молиме за разбирање“, соопштија од ПР-службата на пејачката.
Од тимот засега не откриваат дополнителни информации за здравствените компликации, ниту за природата на хируршката интервенција.
Според нивната изјава, Теа се чувствува добро по операцијата, а јавноста ќе добие повеќе информации кога самата пејачка ќе биде подготвена да се огласи.
Нејзините обожаватели со нетрпение очекуваат нови вести за нејзиното закрепнување.










