Српската фолк-ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ откри интересни детали од приватниот живот и односот со своите деца, Вељко и Анастасија, кои повеќе не живеат со неа.
Иако се физички одвоени, пејачката истакнува дека постојано комуницираат преку телефон, а особено внимание привлекло нејзиното признание дека Вељко ја повикува дури и по 78 пати дневно.
„Вељко повеќе ме бара, 78 пати дневно. И кога нема што да ми каже, ми се јавува и ми пее“, раскажала Цеца.
Таа се присетила и на една симпатична ситуација кога Анастасија последен пат престојувала во Белград.
„Анастасија ми рече: ‘Кажи ми дека не е Вељко’. Ѝ одговорив: ‘Да, Вељко е’, и се јавив. Тогаш таа му довикна: ‘Што сакаш веќе, бре?’, а тој ѝ одговори: ‘Остави ме, разговарам со мајка ми’“, раскажала пејачката.
Цеца нагласила дека има близок однос со двете деца, но дека тие се сосема различни по карактер и начинот на кој ги покажуваат емоциите.
„Со него се слушам сто пати дневно. Дури и кога знае дека не можам да се јавам, заборава. Ќе ми се јави, јас ќе му кажам дека сум на ‘Ѕвездите на Гранд’, а тој веднаш се извинува“, открила Цеца.
Пејачката зборувала и за професионалните интереси на својот син, истакнувајќи дека Вељко одамна се откажал од музиката и целосно му се посветил на боксот и приватниот бизнис.
„Многу сум среќна што е свој човек. И двајцата израснаа во самостојни луѓе и не се грижам за нивната егзистенција“, истакнала таа.
Сепак, признала дека натпреварите на Вељко секогаш ги следи со страв и вознемиреност.
„Тоа никогаш нема да се промени, бидејќи сум мајка. Него понекогаш го нервира што паничам и се стресувам“, заклучила Цеца.









