Британската актерка Емилија Кларк, која светската слава ја стекна со улогата на Денерис Таргариен во серијата Игра на тронови, на 23 октомври го прослави својот 40-ти роденден.
Но зад успешната кариера и препознатливата насмевка се крие драматична животна приказна за која јавноста со години не знаеше.
Во 2011 година, непосредно по снимањето на првата сезона на популарната серија, Кларк доживеала субарахноидално крварење предизвикано од пукната мозочна аневризма.

Следувала итна операција, а за време на закрепнувањето се соочила и со афазија, нарушување кое привремено ѝ го отежнувало говорот и присетувањето на зборови.
И покрај тешката здравствена состојба, актерката се вратила на снимањето, додека милиони гледачи не знаеле низ што поминала.

Само две години подоцна, во 2013 година, следувала уште една животно опасна ситуација. Поради втора мозочна аневризма морала повторно да биде оперирана, а интервенцијата била проследена со сериозни компликации и дополнително крварење.
За својата борба јавно проговорила дури во 2019 година, преку личен есеј објавен во „Њујоркер“.

Истата година, заедно со мајка си, ја основала хуманитарната организација „SameYou“, која им помага на луѓето што закрепнуваат од мозочни повреди и мозочен удар.
Покрај „Игра на тронови“, Кларк оствари улоги во филмовите „Терминатор: Генисис“, „Соло: Приказна од Војна на ѕвездите“ и „Минатиот Божиќ“.
Во 2026 година се појави и во шпионската серија „PONIES“.
Денес, на 40-годишна возраст, Емилија Кларк зад себе има успешна актерска кариера, но и две тешки здравствени битки кои, како што самата откри, засекогаш ѝ го промениле животот.










