ПРВ.мк
Балкан

СТУДЕНТИТЕ ГО УРНАА ВУЧИЌ, НО НЕМА ДА ВЛАДЕАТ СО СРБИЈА: Еве кој ќе ја преземе државата!

СТУДЕНТИТЕ ГО УРНАА ВУЧИЌ, НО НЕМА ДА ВЛАДЕАТ СО СРБИЈА: Еве кој ќе ја преземе државата!

Студентското движење во Србија, кое започна како реакција на трагедијата во Нови Сад, за помалку од две години прерасна во национална политичка сила што успеа да ја прекине долгогодишната доминација на Александар Вучиќ.

По изборната победа, студентите на социјалните мрежи испратија кратка порака: „Србија е слободна!“

Сепак, иако го предводеа движењето што го донесе политичкиот пресврт, самите студенти нема да бидат пратеници во новиот парламент.

На изборната листа со 250 кандидати немало ниту еден студент, што, според анализата на Би-Би-Си, било свесна одлука за да се привлече поширока поддршка од гласачите.

За носител на листата бил избран кардиологот Илија Срдановиќ, но тој не се смета за најверојатен кандидат за премиер.

Меѓу кандидатите кои, според објавените информации, освоиле пратенички места се поранешниот кошаркар Дејан Бодирога, актерот Тихомир Станиќ, оперскиот пејач Никола Микиќ и поранешниот гувернер на Народната банка на Србија, Дејан Шошкиќ.

Движењето започна по уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица.

Првичните студентски блокади и протести постепено прераснаа во масовно движење против корупцијата, во кое се вклучија граѓани од различни професии.

Во јануари 2025 година оставка поднесе премиерот Милош Вучевиќ, но протестите продолжија, а во март истата година Белград беше сведок на еден од најголемите антивладини собири.

По изборниот пораз на Вучиќ, симболичен момент беше и отстранувањето на оградите и шаторите од кампот „Ќациленд“ во Пионирскиот парк.

Студентското движење сега најавува реформи преку програма од 11 точки, која опфаќа борба против корупцијата, промени во полицијата, ослободување на јавниот сервис од политичко влијание и спречување партиски именувања во јавните претпријатија.

Сепак, остануваат отворени прашањата за идниот премиер и надворешнополитичкиот курс на Србија, особено односите со Европската Унија, Русија, Кина и прашањето за Косово.

Студентите успеаја да ја променат политичката слика на Србија, но одговорноста за управување со државата ќе ја преземат кандидатите што ги избраа да ги претставуваат.