ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ГРАЃАНИТЕ ЈА ИСПРАТИЈА ПОЛИЦИЈАТА: Свирежи, камења и удари врз возилата!

(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ГРАЃАНИТЕ ЈА ИСПРАТИЈА ПОЛИЦИЈАТА: Свирежи, камења и удари врз возилата!

Повлекувањето на полициските сили од центарот на Белград по изборниот пораз на политичката опција на Александар Вучиќ било проследено со инциденти и напади врз полициски возила.

Според известувањето на Н1 Србија, дел од насобраните граѓани ги исвиркувале полицајците, извикувале пароли и удирале по возилата додека полициската колона се обидувала да го напушти подрачјето околу Пионирскиот парк.

Во еден момент, по полициските возила почнале да летаат камења и други предмети, а на најмалку едно возило биле искршени стаклата.

На снимките што се проширија на социјалните мрежи се гледа како полициските возила се движат низ група собрани граѓани, додека поединци се приближуваат и удираат по нив.

Особено внимание привлекува моментот во кој едно лице со долга шипка удира кон припадниците на Жандармеријата кои се наоѓаат на полициско возило.

Полицајците се обидувале да се заштитат со штитови, додека во позадина се слушале и звуци од пиротехнички средства.

На друга снимка се гледаат припадници на полицијата опремени за разбивање демонстрации како пеш го напуштаат подрачјето, додека присутните ги испраќаат со гласни свирежи.

Инцидентите се случиле во атмосфера на големи политички тензии, откако Вучиќ го признал изборниот пораз, а граѓаните излегле на улиците за да ја прослават победата на студентската листа.

Во текот на изборната вечер, вниманието на јавноста беше насочено и кон Пионирскиот парк, каде што граѓани ги отстрануваа оградите и шаторите од кампот познат како „Ќациленд“.

Засега нема потврдени информации за евентуално повредени лица или приведени учесници во инцидентите при повлекувањето на полицијата.

Снимките предизвикаа реакции на социјалните мрежи и покажуваат дека, покрај масовното славје, изборната ноќ во Белград била одбележана и со сериозни безбедносни тензии.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА