Легендарната пејачка на народна музика Лепа Лукиќ, која со децении е присутна на музичката сцена, во една од своите најискрени исповеди проговорила за најголемата неостварена желба во животот – да стане мајка.
Иако изградила успешна кариера, пејачката признала дека фактот што нема деца оставил длабока трага во нејзиниот приватен живот.
„Со годините ја надминав тагата што не сум мајка, но тоа е мојата единствена неостварена животна желба“, раскажала Лукиќ.
„Бев млада и не сакав веднаш да имам деца“
Пејачката открила дека во младоста останала бремена, но во тој период решила да ѝ даде предност на музичката кариера.
„Еднаш останав бремена, но бев многу млада и поради кариерата не сакав да родам и веднаш да имам деца“, признала таа во емисијата „Милизам“.
Подоцна, кога посакала да стане мајка, се соочила со тешкотии. Според нејзините зборови, поминала низ медицински интервенции и едногодишно лекување, но без посакуваниот резултат.
„Бев во брак со инспектор со кого сакав да имам деца. Една година се лекував за да родам, но не ми беше судено“, изјавила пејачката.
Три дена се чувствувала како мајка
Лукиќ се присетила и на емотивен момент од учеството во реалното шоу „Големиот брат“, кога добила задача да се грижи за кукла.
Ја нарекла Милица, по внуката на својот брат, и целосно се посветила на улогата.
„Имав чест барем три дена да се нарекувам мајка. На некој начин ми се исполни таа желба“, раскажала Лепа.
Пејачката признала дека токму неостварената желба за мајчинство влијаела и врз нејзиниот избор на емотивни песни посветени на децата.









