ПРВ.мк
Балкан

Тамара Вучиќ се огласи еден ден по изборите: „Нешто никогаш не ви кажав, чувствувам потреба да го споделам со вас“

Тамара Вучиќ се огласи еден ден по изборите: „Нешто никогаш не ви кажав, чувствувам потреба да го споделам со вас“

Тамара Вучиќ, сопругата на српскиот претседател Александар Вучиќ, се огласи на Инстаграм еден ден по вонредните парламентарни избори во Србија, на кои победи Студентската листа.

Во емотивната објава таа им се заблагодари на сите што ја поддржувале во изминатите години, истакнувајќи дека за неа завршува едно значајно животно поглавје.

„Се завршува едно животно поглавје и сакам да им се заблагодарам на сите вас што со години ме бодревте, охрабрувавте и поддржувавте, а тоа го правите и сега“, напиша Тамара.

„Имаше и непроспиени ноќи“

Во продолжение таа откри дека нејзиниот ангажман бил проследен и со тешки моменти.

„Нешто никогаш не ви кажав, а сега чувствувам потреба да го споделам со вас. Имаше и непроспиени ноќи“, напиша таа.

Како што објасни, не станувало збор за тежината на обврските, туку за ситуациите кога, и покрај желбата и трудот, не успевала да им помогне на луѓето на кои им била потребна помош.

Тамара истакна дека особено место во нејзиното срце ќе имаат децата што ги запознала низ годините, како и работата на Институтот за ран развој на децата и инклузија.

„Горда сум на сè што успеавме да направиме“, порача таа.

Објавата ја заврши со зборовите: „Нека ни е, како народ и земја, драгиот Бог на помош. Амин.“

Според резултатите наведени во извештајот, Студентската листа освоила 140 пратенички мандати, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ освоила 103.