Познатиот музичар Akon повторно предизвика бура на социјалните мрежи, откако отворено проговори за својот приватен живот и односот со жените кои ги смета за свои сопруги.
Во подкастот „We Need To Talk“ со Paul C. Brunson, 53-годишниот рапер откри дека во неговото семејство постојат строги правила, а најголемо внимание привлече неговата изјава дека само нему му е дозволено да има повеќе партнерки.
Иако со години се шпекулира за бројот на неговите сопруги, една од жените поврзани со него уште во 2023 година тврдеше дека музичарот има четири жени. Во новото интервју, кога бил прашан дали неговите партнерки смеат да имаат други романтични врски, Акон кратко одговорил:
„Не.“
На дополнително прашање зошто правилата важат само за него, раперот само се насмеал и рекол:
„Само јас.“
Музичарот се обидел да објасни дека неговиот начин на живот, според него, носи повеќе придобивки за жените отколку за мажите.
„Кога семејството е организирано и поврзано, придобивките се поголеми за жените. Мажот мора да се грижи за сите и да биде еднаков кон нив“, изјавил тој.
Според неговите зборови, жените во домот ги делат обврските околу децата и домаќинството, а секоја презема различни улоги кога е потребно.
„Едната може да оди на одмор, додека другата ги презема обврските. Тие се менуваат меѓу себе“, објаснил Акон.
Најмногу реакции предизвикала неговата изјава дека „улогата на жената е да управува со домаќинството“, по што следуваа жестоки критики на интернет.
Во интервјуто, музичарот своите партнерки ги нарекувал „сестри“ и тврдел дека во таков однос не смее да има фаворизирање. Сепак, кога бил прашан која личност би била негов контакт за итни случаи, веднаш ја издвоил својата прва сопруга.
„Тоа е мојата прва жена. Таа е причината поради која воопшто постојат втора, трета и четврта“, рекол тој.
Изјавите на Акон експресно се проширија на социјалните мрежи, каде дел од луѓето беа шокирани од неговите ставови, додека други признаа дека ваквиот начин на живот им бил интересен.
Сепак, голем број корисници остро го критикуваа, особено поради ставовите за жените и правилата што важат само за неговите партнерки.
Музичарот, чие вистинско име е Aliaune Badara Thiam, со години е поврзуван со повеќе жени, меѓу кои и Tomeka Thiam, со која минатата година започна бракоразводна постапка по речиси 30 години брак.
Акон има девет деца со повеќе партнерки, а неговиот приватен живот со години е тема на интерес во светските медиуми.







