ПРВ.мк
Сцена

ОД НЕПОЗНАТ ДО МИЛЕНИК НА БАЛКАНОТ: Јаков Јозиновиќ заработува огромни суми, бројките шокираа многумина!

ОД НЕПОЗНАТ ДО МИЛЕНИК НА БАЛКАНОТ: Јаков Јозиновиќ заработува огромни суми, бројките шокираа многумина!

Младиот музички феномен Jakov Jozinović за само неколку месеци успеа да стане едно од најслушаните и најбараните имиња на регионалната сцена, а неговиот неверојатен подем веќе се мери и во сериозна заработка.

Иако публиката сè уште го очекува неговиот прв официјален албум, Јозиновиќ веќе полни концертни сали низ регионот и бележи огромна популарност на интернет платформите. Според проценките на специјализираниот сервис „Social Blade“, младиот пејач од отворањето на својот Јутјуб канал досега можел да заработи и до 102 илјади долари.

Неговиот канал бил отворен на 1 ноември 2025 година, а за многу краток период бројките доживеале вистинска експлозија. Прегледите, следбениците и слушаноста растат од ден на ден, а неговите видеа редовно се меѓу најгледаните музички содржини во регионот.

Според достапните проценки, месечната заработка на Јозиновиќ преку Јутјуб моментално се движи од околу 965 до дури 15 илјади долари, во зависност од гледаноста и активноста на публиката.

Особено голем успех постигнале песните „Поле ружа“ и „Ја волим“, кои привлекле огромен број прегледи и значително придонеле за неговата популарност и заработка. Токму поради ваквите бројки, многумина веќе го сметаат за еден од најисплатливите млади музичари на Балканот кога станува збор за дигиталните платформи.

Неговите настапи и емотивни интерпретации масовно се споделуваат на социјалните мрежи, а фановите со огромен интерес го следат секој негов чекор. Она што започна како вирален успех на интернет, многу брзо се претвори и во концертна еуфорија.

По серијата настапи што предизвикаа голем интерес, Јозиновиќ успеа да распродаде дури десет концерти во Sava Centar, по што закажа и голем концерт во Belgrade Arena, а потоа и уште еден поради огромната побарувачка.

Регионалните медиуми веќе го нарекуваат „музички феномен“, особено по успехот на турнејата „Јас за чуда летам“, која дополнително ја зацврсти неговата позиција на сцената.

Со милионски прегледи, распродадени концерти и заработка што расте од месец во месец, Јаков Јозиновиќ за кратко време се претвори во едно од најголемите нови музички имиња во регионот.

Најнови вести