Спортската јавност во Израел е во шок по трагичната смрт на младиот кошаркар Raz Adam, кој загина во тешка сообраќајна несреќа на само 26-годишна возраст.
Израелските медиуми објавија дека кошаркарот, кој настапуваше за Hapoel Galil Elyon и беше репрезентативец на Израел, починал по судир на два автомобили.
Според првичните информации, во несреќата немало други жртви, додека 39-годишен маж се здобил со повреди.
Трагедијата е уште поголема бидејќи младиот кошаркар во моментот на несреќата патувал на тимска вечера со својот клуб.
Веста за неговата смрт предизвика огромна тага во израелскиот спорт, а бројни клубови, спортисти и навивачи се простуваат од него преку социјалните мрежи.
По повод трагедијата се огласи и претседателот на израелската кошаркарска лига Ari Steinberg, кој порача дека ова е тежок ден за целата кошаркарска сцена.
„Ја примивме веста за смртта на Раз Адам и останавме шокирани и длабоко потресени. Ова е тажен ден за израелската кошарка“, изјавил Штајнберг, изразувајќи сочувство до семејството, пријателите и клубот на починатиот кошаркар.
Смртта на младиот спортист повторно ја потресе спортската јавност, која во неверување се простува од еден од најталентираните млади кошаркари во Израел.









