ПРВ.мк
Сцена

МАЕСТРО НА ФОЛК СЦЕНАТА: Денес го празнува роденденот – ова се приказни што никогаш не се раскажани!

МАЕСТРО НА ФОЛК СЦЕНАТА: Денес го празнува роденденот – ова се приказни што никогаш не се раскажани!
Kristal

На 7 декември 1966 година во Охрид се роди Наум Петрески, пејач кој со својот автентичен глас и љубов кон македонското фолклорно наследство остави незаборавен печат врз музичката сцена. Пораснал во Лабуништа, место кое длабоко го обликувало неговиот музички идентитет и почетната љубов кон македонската традиција.

Музичката кариера на Петрески започнува уште во детството, со првиот јавен настап на седумгодишна возраст на меѓународна фолклорна смотра во Загреб. Професионално настапува од 1990 година, а веќе во 1991 година постигнува голем успех на Валандовскиот фестивал со песната „Има ли песна“, освојувајќи четири награди – од публика, жири, за интерпретација и за најдобар дебитант.

Неговата кариера е исполнета со бројни фестивалски настапи, концерти и турнеи ширум светот. Наум Петрески е добитник на десетици признанија, благодарници и плакети, а неговите песни како „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и „Љубов голема“ станаа дел од македонскиот музички идентитет.

Во текот на кариерата, Петрески остварил значајни дуети со големи имиња на македонската музика, меѓу кои Виолета Томовска, Есма Реџепова, Сузана Спасовска, Росана Тодоровска, Зуица Лазова, како и со својата ќерка Анастасија Петреска. Еден од неговите најзначајни проекти е „Македонска чалгија“, со 45 песни на шест албуми.

Настапувал и на престижни интернационални настани, вклучително отворање на македонски културни центри и настап во Сиднејската опера. До денес, има издадено две касети, три студиски албуми и заедничко издание со етно групата Синтезис. Неговите солистички концерти, од првиот во 1992 до последниот во 2022, секогаш привлекуваат огромен интерес.

Наум Петрески е оженет со фолк пејачката Зуица Лазова, и заедно живеат во Скопје.

Редакцијата му посакува долг живот, здравје и уште многу убави песни кои ќе ја збогатуваат македонската музичка традиција.

FixCredit
Atensa 300
Escape