ПРВ.мк
Сцена

Боки 13 единствен од Балканот со покана за модниот настан од светски ранг во Виена

Боки 13 единствен од Балканот со покана за модниот настан од светски ранг во Виена

Бојан Јовановски – Боки 13 повторно е во центарот на вниманието на модниот свет. Тој е единствениот претставник од Балканот кој доби специјална покана за присуство на ексклузивен моден настан во Виена, што ќе се одржи овој четврток, каде ќе биде претставена новата колекција на еден од најпознатите светски модни брендови.

Настанот е од затворен тип и на него може да присуствуваат само лица со лична покана. Се очекува на истиот да присуствуваат светски познати ѕвезди, дизајнери и инфлуенсери од целиот свет.

Боки 13 со оваа покана уште еднаш го потврдува својот статус на личност која го следи и живее модниот стил на највисоко светско ниво, поставувајќи нови стандарди за балканската модна сцена.

Escape