ПРВ.мк
Македонија

Драма во Битола: Избеган затвореник фатен со украдени цигари

Драма во Битола: Избеган затвореник фатен со украдени цигари

Полицијата приведе двајца битолчани осомничени за тешка кражба во маркет во Битола, а при истрагата било утврдено дека едниот од нив бил баран по потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 24 јули полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода 35-годишниот Ѓ.З. и 29-годишниот А.Ј., двајцата од Битола. Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во маркет на улицата „Север-југ“, од каде што одзеле околу 30 штеки цигари.

При претрес во објектот што го користеле осомничените, полицијата ги пронашла украдените цигари, кои потоа биле вратени на сопственикот на маркетот.

Во текот на проверките било утврдено дека Ѓ.З. се барал по распишана потерница, откако избегал од прилепскиот затвор, каде што издржувал затворска казна во траење од осум месеци.

По неговото приведување, тој бил повторно спроведен во Казнено-поправната установа во Прилеп за доиздржување на казната.

Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против двајцата осомничени ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.