ПРВ.мк
Македонија

Најнова прогноза: Метеоролозите објавија каков ќе биде август

Најнова прогноза: Метеоролозите објавија каков ќе биде август

Според најновите сезонски прогнози, Македонија во текот на август ја очекува претежно топло и суво време, со неколку пократки периоди на нестабилност проследени со дожд, грмежи и засилен ветер.

Метеоролошките модели укажуваат дека во поголемиот дел од месецот ќе преовладуваат високи температури, а во најтоплите денови во Повардарието, Скопската Котлина и југоисточните делови од земјата живата во термометарот може да достигне, па дури и локално да надмине 40 Целзиусови степени.

Иако август ќе биде обележан со топлотни бранови, се очекуваат и повремени продори на посвеж воздух. Во тие периоди ќе има услови за локална нестабилност, со поројни врнежи, грмежи, силен ветер и можна појава на град, особено во попладневните и вечерните часови.

Слични временски услови се прогнозираат и во соседните земји. Во Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Косово се очекуваат температури повисоки од просекот, проследени со жештини и краткотрајни, но поинтензивни атмосферски процеси.

Метеоролозите апелираат граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце во најтоплиот дел од денот, да внесуваат доволно течности и редовно да ги следат официјалните предупредувања за временските услови.

Според моменталните прогнози, август ќе биде еден од најтоплите месеци ова лето, со температури над повеќегодишниот просек и со релативно малку врнежи на поголемиот дел од територијата на Македонија и Балканот.