Лепа Брена со децении важи за една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, но малкумина знаат дека покрај успешната пејачка кариера, таа има и приватен бизнис кој нема никаква врска со музиката.
Познатата пејачка во 2021 година, заедно со Саша Поповиќ, ја продаде „Гранд продукција“ во зделка вредна 30 милиони евра, но уште од деведесеттите години поседува и угостителски објект во Нови Сад.
Станува збор за киоск за брза храна во кој главно се продаваат плескавици и други специјалитети.
Според извор близок до пејачката, кој претходно зборувал за српските медиуми, Брена со години го одржува овој бизнис, а по продажбата на музичката продукција му посветила дополнително внимание.
„Иако сите знаат дека Брена ја продаде ‘Гранд продукција’, ретко кој знае дека има и друг бизнис. Цели 29 години во центарот на Нови Сад поседува киоск во кој се продаваат плескавици и друга брза храна“, изјавил изворот.
„Каде што се моите деца, таму е мојот дом“
И покрај бројните патувања и престојот во луксузни дестинации како Мајами и Монте Карло, Брена истакнува дека најважно ѝ е семејството.
„Сакам да доаѓам во Србија затоа што моите деца сакаат да бидат тука. А каде што се тие, таму е мојот дом“, изјавила пејачката.
Таа во една пригода се пошегувала дека толку многу патува што повеќе време поминува во автомобил, хотел и авион отколку дома.
Со успешната музичка кариера, инвестициите и приватните бизниси, Лепа Брена продолжува да биде едно од најпрепознатливите имиња на регионалната естрада.








