ПРВ.мк
Црна Хроника

Нови детали за убиствата во Ѓорче Петров и Хром: Откриено како осомничените ги избирале своите жртви!

Нови детали за убиствата во Ѓорче Петров и Хром: Откриено како осомничените ги избирале своите жртви!

Нови информации за двете убиства во скопските населби Хром и Ѓорче Петров откриваат вознемирувачки сличности меѓу злосторствата. Според досегашните сознанија, осомничената група наводно избирала повозрасни, тешко подвижни лица кои живееле сами.

За двете разбојништва со смртни последици се приведени четири лица: А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58) од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица.

МВР потврди дека приведувањата биле извршени на 27 октомври, а за осомничените е побаран краткотраен притвор од 48 часа.

Жената била извлечена од кревет и претепана

Второто злосторство се случило во Ѓорче Петров, каде што во својот дом на улицата „Ѓурчин Кокале“ била пронајдена мртва 76-годишна жена.

Според објавените информации, жената живеела сама и имала здравствени проблеми.

Напаѓачите наводно влегле преку задната врата, ја извлекле од постелата, ја врзале и физички ја нападнале. Жената го загубила животот при разбојништвото.

Пет дена претходно бил убиен и 62-годишен маж

На 22 октомври во населбата Хром бил пронајден мртов 62-годишен маж, кој исто така живеел сам и бил речиси неподвижен.

По смртта на неговата мајка, за него се грижеле соседите, кои му помагале во секојдневието.

Според информациите, на еден од прозорците бил забележан пресечен комарник, што упатува на можниот начин на влегување во домот.

Токму соседите го пронашле мажот без знаци на живот.

Истрагата продолжува

Од Обвинителството информираат дека доказите сè уште се прибираат, а обдукциите на двете жртви се извршени.

Случаите предизвикаа голема вознемиреност меѓу жителите, особено кај повозрасните граѓани.

Засега не е официјално утврдено дека осомничените намерно избирале немоќни лица. Ова е претпоставка што произлегува од сличностите меѓу двата случаи, а истрагата треба да ги утврди сите околности.

Најнови вести