Детските и спортските игралишта се важен дел од секоја заедница – места каде што децата растат, се дружат, создаваат пријателства и спомени. Затоа, нивното одржување и зачувување е наша заедничка одговорност.

Општина Бутел започнува со целосна реконструкција на игралиштата, при што ќе бидат санирани сите оштетени и дотраени делови, со цел создавање побезбедни и поквалитетни услови за сите корисници.
Во следниот период ќе бидат преземени активности за подобрување на спортските и детските површини, а дополнително ќе биде поставена видеоопрема за мониторинг и надзор на игралиштата и парковите.
Апелираме до сите граѓани да се однесуваат совесно и одговорно, да ја чуваат урбаната опрема и заедничките простори.
Општина Бутел продолжува со вложувања во нови спортски и детски игралишта, создавајќи подобри услови за денешните и идните генерации.







