Во прекрасна атмосфера исполнета со детски насмевки, бои и креативност, успешно се реализираше настанот „Обој ги твоите омилени ликови“, организиран од Библиотека Феткин Кавадарци, во рамки на манифестацијата „Кавадаречко културно лето“.
Градскиот плоштад беше исполнет со голем број дечиња кои со многу ентузијазам ги оживеаја своите омилени ликови преку цртежи и боење, создавајќи вистинска шарена галерија на детска фантазија и творештво.


Голема благодарност до сите деца и родители кои беа дел од оваа прекрасна вечер и придонесоа настанот да помине во знакот на дружење, радост и позитивна енергија.
Ве информираме дека во периодот од 1 до 9 август нема да има планирани настани во рамки на „Кавадаречко културно лето“.
Продолжуваме со нови културни содржини и уште поубава атмосфера од 10 август














