ПРВ.мк

Костадиноски: Асфалтираме патот меѓу Сиричино и Туденце за подобра поврзаност

Костадиноски: Асфалтираме патот меѓу Сиричино и Туденце за подобра поврзаност
Vero

Градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, денес изврши увид во тековните градежни работи за асфалтирање на локалниот пат што ги поврзува населените места Сиричино и Туденце.

Како што информираше Костадиноски, градежните активности се одвиваат согласно пропишаните проектни стандарди, а проектот опфаќа целосно асфалтирање на патот во должина од 2 километри и ширина од 4,5 метри, со дополнителни банкини од по половина метар од двете страни.

„Работиме на изградба на нови улици и инфраструктурни проекти кои го унапредуваат живеењето, го подобруваат движењето и решаваат важни локални проблеми,“ изјави Костадиноски.

Проектот се реализира како дел од заложбите на локалната самоуправа за подобрување на инфраструктурата во руралните делови на општината, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и олеснување на секојдневното движење на жителите.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран