Финското Министерство за одбрана денеска соопшти дека се сомнева дека два руски авиони го нарушиле финскиот воздушен простор.
Во соопштението се додава дека инцидентот се случил во близина на брегот на Порво на југот на Финска, пренесува Ројтерс.
„Ние сериозно го сфаќаме сомнежот за нарушување на територијалниот простор и истрагата е во тек“, изјави министерот за одбрана Анти Хаканен.