ПРВ.мк

БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР РАБОТИ СО ДОЛГ ОД 4 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР РАБОТИ СО ДОЛГ ОД 4 МИЛИОНИ ДЕНАРИ
Vero

Битолскиот театар се соочува/ работи со долг од 4 милиони денари – пари кои најмногу се потрошиле во пост-ковид пандемијата и од кои најмногу се кон ангажирани правни субјекти и физички лица. Министерството за култура деновиве направило вонредна инспекција во Театарот и, поднеле кривична пријава до обвинителството против членови на претходното раководство, објави ТВ Тера.

Битолскиот театар функционира со товар од обврски во висина од 4 милиони денари и со желба да се преживее, информираше денеска директорот Васко Мавровски. Оваа национална театарска куќа од јануари досега финансиски се стабилизира, што подразбира дека не производува нови долгови. Но, секој ден е изненадување дали некој доверител ќе си ги побара парите преку судските инстанци.

„Имаме долгови кон фирми коишто биле на тендер за превоз, имаме физички лица , значи нашите членови коишто се дел од ансамблот – на пример поранешната директорка на Центар за култура, играла овде и добивала хонорари , но исто така не е исплатена, не се исплатени надворешни соработници. Едно 50 ди-џеи коишто никаде не постојат во финансиски и оперативен план за Шекспир фестивалот ; должиме колку еден Шекспир фестивал само на ди-џеи, за журките коишто се случувале по завршуавњето на претставата.“ – објаснуваше денеска директорот Мавровски.

Од финансиските извештаи и заклучоците на вонредната инспекција Мавровски откри дел кој насочува кон ненаменско трошење на средства во моменти кога театарот ги немал. Документацијата посочува и на различни извештаи кои од Театарот се упатувале до општината и до министерството за проекти кои биле финансирани од повеќе институции. Го повика обвинителтвото на брза акција во откривање дали се работи за незаконско стекнување со имот или пак само злоупотреба на слижбена должност или несовесно, недомаќинско работење .

„Мислам, да склучите хонорар со режисер за 10.000 евра, а театарот е 4 милиони денари во минус , економската логика зборува дека таков договор не би требало да биде склучен режисер кога вие имате огромна дупка. Се надевам ќе се вклучи јавното обвинителство бидејќи станува збор за ненаменско трошење на средства , по тој фамозен член 353 од казнениот законис се надевам дека конечно во културните институции во Битола по 30 години барем ќе утврдиме чија е одговорноста. Не сакам никого да тужам, никого да судам “ – зборуваше денеска Васко Мавровски.

Фактот што е член на политичка партија којашто во моментов е на власт за Мавровски не е толку важен колку што е важна состојбата во која се наоѓа оваа реномирана битолска театарска куќа.

„Сите луѓе кои беа волни да помогнат , помогнаа. Поставивме нови димери , поставивме нова интерфонија, реновиравме неколку простории ги опремивме, но верувајте тоа е една капка во морето. Значи овде во овој театар седум години една шајка не е закована нова. “ – разочарано зборуваше Мавровски продолжувајќи „ Јас сум нормално член на политичка партија и дел од новата културна програма што треба да ја реализираме, јас сум дел од од тие културни политики, но чувството дека кога СДСМ доаѓа на власт… не само што неможат да вложат да направат нешто, туку и тоа што им го оставаме секогаш како власт не умеат барем да го одржуваат“. – рече Васко Мавровски.

Мавровски е директор на битолскиот театар од септември минатата година. Статистиката што денеска ја сподели вели 11 премиери за 8 месеци, број на публика повеќе од 13.000 гледачи што за скоро ќе го достигне бројот на гледачи кои во 2024 година вкупно погледнале некоја од претсавите на театарот.

Извор: ТВ Тера

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран