ПРВ.мк

Фетаи ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на „Вреди“

Фетаи ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на „Вреди“
Vero

Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, вечерва ја поздрави одлуката на пратеничката Мимоза Муса да остане дел од пратеничката група на коалицијата „Вреди“, оценувајќи го нејзиниот потег како чин на политичка храброст и интегритет.

Во едно предизвикувачко политичко време, кога многумина избираат молк или компромис, ти остана цврста во своите убедувања, лојална на дадениот завет пред 107.000 наши избирачи и на идеалите за промена. Ти си најдобриот пример за чесно претставување, каде што зборот, ставот и делото одат заедно. Ти си инспирација за младите генерации кои треба да научат дека политиката не само што може, туку и мора да биде чесна. Честитки за твојот интегритет и храброст. На Албанците им се потребни гласови како твојот, напиша Фетаи на Фејсбук.

Пратеничката Мимоза Муса претходно попладнево објави дека останува дел од парламентарното мнозинство и владината коалиција „Вреди“, и дека ја прекинува соработката со Арбен Таравари.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран