ПРВ.мк

На кавадарчанец од домот му украле 10 литри ракија !!!

На кавадарчанец од домот му украле 10 литри ракија !!!
Vero

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Џ.Н.(32) од Велес и Ј.Ф.(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

На 26.01.2025 околу 12.00 часот, првопријавениот влегол во домот на А.К.(55) од Кавадарци и одзел 176.000 денари и 10 литри ракија, а второпријавениот му помогнал во извршувањето на кривичното дело на тој начин што му кажал дека во домот нема никој и дека влезната врата е отворена. Џ.Н. му дал дел од одземените пари на Ј.Ф., а ракијата ја оставиле на кејот на реката Луда Мара, каде била пронајдена.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран