Во Глишиќ денеска свечено беше осветен големиот крст, кој во иднина ќе претставува траен симбол на верата, духовноста и заедништвото за жителите на селото и целиот кавадаречки крај.
На свечениот чин присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, и претседателот на Советот на Општината, др Стојанчо Рамов.
Изградбата на овој значаен верски објект е резултат на иницијативата и посветеноста на Месната заедница Глишиќ, со поддршка од Општина Кавадарци, ЈП „Комуналец“, општествено одговорни компании и бројни физички лица кои помогнаа во реализацијата на проектот.

Крстот е висок 15 метри, со распон од 10 метри, а според иницијаторите ќе биде место за молитва, благослов и духовно собирање. Тој треба да остане како сведоштво за силната вера и заедничката желба на мештаните да остават траен белег за идните генерации.

„Благодарност до сите кои дадоа свој придонес во реализацијата на ова дело. Нека овој свет христијански симбол носи мир, љубов и благослов за сите жители на Глишиќ и Кавадарци“, порачаа организаторите.











