ПРВ.мк
Република

ПОСЕТИТЕЛИТЕ ВОЗНЕМИРЕНИ: Опасна граната пронајдена на македонска плажа каде што се движат туристи!

ПОСЕТИТЕЛИТЕ ВОЗНЕМИРЕНИ: Опасна граната пронајдена на македонска плажа каде што се движат туристи!

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Зоран Пејев, успешно отстрани неексплодирано убојно средство пронајдено на брегот на Дојранското Езеро.

Станува збор за артилериска граната со калибар од 100 милиметри, тешка 13,6 килограми, која потекнува од периодот на Првата светска војна. Гранатата била наменета за хаубица М14, а по повеќе од еден век сè уште претставувала потенцијална опасност.

Благодарение на навремената интервенција на пиротехничката екипа, опасноста била отстранета без последици по луѓето и околината.

Од надлежните служби посочуваат дека вакви неексплодирани убојни средства од минатите воени периоди сè уште се пронаоѓаат во повеќе делови од земјата, особено во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион.

Граѓаните се предупредуваат доколку пронајдат сомнителни предмети кои наликуваат на оружје или муниција, да не ги допираат и веднаш да ги пријават кај надлежните служби.