Во Кочани денеска беше извршено осветување на новопоставениот Крст кај кружниот тек во близина на локалитетот „Национал“, поставен како траен спомен за младите животи загубени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Чинот на осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештеници од Кочанското архиерејско намесништво.
Крстот е подигнат во чест и вечен спомен на децата кои трагично ги загубија своите животи во пожарот што ја потресе целата држава.
На свечениот чин присуствуваа голем број граѓани, верници и членови на семејствата на настраданите, кои со заедничка молитва и почит им оддадоа почит на жртвите.
Новопоставениот крст ќе остане како место на сеќавање, молитва и потсетување на трагедијата што остави длабока трага кај сите граѓани.










