OpenAI официјално го претстави својот нов веб-пребарувач наречен Атлас, кој би можел драматично да го промени начинот на пребарување на интернет и сериозно да ја загрози доминацијата на Гугл.
Презентацијата ја отвори извршниот директор Сем Алтман, кој истакна дека вештачката интелигенција нуди уникатна можност за редефинирање на улогата на пребарувачите и за трансформација на сегашниот начин на користење на интернетот, пренесува TechCrunch.
Според Алтман, новиот прелистувач Атлас е дизајниран да го замени застареното пребарување по децении доминација на мрежата и да донесе интерактивно искуство кое е тешко да се постигне со Гугл Хром.
Моделот на пребарување на Атлас овозможува директна интеракција со информации, што ја прави технологијата особено атрактивна за корисниците кои сакаат поинтуитивно и персонализирано пребарување.
Алатката ChatGPT, најпознатиот продукт на OpenAI, моментално ја користат околу 800 милиони луѓе неделно, а се очекува дел од нив да се префрлат од Гугл Хром на Атлас, што би значело ограничување на Гугл во насочување реклами и собирање податоци од корисниците.
Иако Атлас е сè уште во рана фаза на развој и моментално не прикажува реклами, OpenAI најавува дека во иднина ќе биде отворен за рекламни можности. Новиот пребарувач исто така може директно да собира контекст од прозорецот на корисникот, обезбедувајќи вредни податоци за таргетирано рекламирање.