Властите во Њу Делхи започнаа необичен пилот-проект со цел да предизвикаат вештачки дожд и на тој начин да го намалат екстремното загадување на воздухот, кое во зимските месеци често достигнува опасни и нездрави нивоа.
Експериментот се спроведува во соработка со Индискиот технолошки институт во Канпур. За таа цел, едномоторен авион „Цесна“ истрелал ракета наполнета со специјални хемикалии кои ја стимулираат кондензацијата на облаците и предизвикуваат врнежи.
Според регионалната влада, целта на тестот е да се оцени колку ефективно оваа метода може да ја намали концентрацијата на штетни честички во воздухот. Ако резултатите покажат успех, во наредните недели се планира поширока акција за создавање вештачки дожд над главниот град.
Со овој експеримент, индиските власти се надеваат на барем привремено подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на ризиците по здравјето на жителите, кои во зимските месеци се изложени на сериозни опасности поради смогот.
Не дознавај последен- читај ПРВ.мк














