ПРВ.мк
Црна Хроника

КРАЈ НА ШТРАЈКОТ ВО ГРЦИЈА: Повторно нормален сообраќај на сите три гранични премини со Македонија

КРАЈ НА ШТРАЈКОТ ВО ГРЦИЈА: Повторно нормален сообраќај на сите три гранични премини со Македонија

Штрајкот на грчките царински службеници заврши, а сообраќајот на сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција повторно се одвива нормално.

Протестот ги опфати премините „Евзони“ („Богородица“), „Ники“ („Меџитлија“) и „Дојрани“ („Дојран“). За време на четиричасовниот штрајк, од 5 до 9 часот по македонско време, патничките возила се пропуштаа во интервали од десет минути, додека товарниот сообраќај беше целосно запрен во двата правци.

По завршувањето на протестот, грчките царински служби ја продолжија редовната работа, а надлежните очекуваат постепено да се расчистат евентуалните колони што се формираа во текот на утрото.

Најголем притисок и натаму се очекува на граничниот премин „Богородица – Евзони“, кој традиционално е најфреквентен во екот на летната туристичка сезона. На патниците им се препорачува и понатаму да ја следат состојбата на границите пред да тргнат на пат, бидејќи потребно е извесно време сообраќајот целосно да се нормализира.