ПРВ.мк
Наука/Технологија

Li-Fi: Револуција во интернетот – нова технологија 100 пати побрза од Wi-Fi

Li-Fi: Револуција во интернетот – нова технологија 100 пати побрза од Wi-Fi
Escape

Јужнокорејски научници направија огромен чекор во безжичната комуникација со развој на технологија наречена Li-Fi (Light Fidelity), која нуди пренос на податоци до 224 гигабити во секунда – што е околу сто пати побрзо од сегашните Wi-Fi мрежи. Тимот од престижниот институт KAIST, во соработка со Корејскиот институт за стандарди и наука, го претстави уредот што користи видлива светлина наместо радио-бранови за комуникација.

Li-Fi работи во фреквентен опсег од 400 до 800 терахерци, избегнувајќи го метежот и пречките типични за Wi-Fi. Голем проблем кај оваа технологија претходно беше заштитата на приватноста, бидејќи светлината може лесно да се пресретне. Но, јужнокорејскиот тим го реши тоа со интегрирање на енкрипција директно во системот за пренос – правејќи го сигналот безбеден без потреба од дополнителна заштита.

Клучот за оваа технологија лежи во нови LED диоди изградени од еколошки „квантни точки“. Тие не само што овозможуваат силна светлосна енергија со мала потрошувачка, туку и постигнуваат осветленост од 29.000 нити – за споредба, најсилните смартфони имаат максимум 1.000 нити.

Според професорот Чо Химчан, оваа платформа нуди не само брзина и безбедност, туку и потенцијал за примена во области како паметни домови, болници, фабрики и аеродроми – каде Wi-Fi честопати се покажува како нестабилен или несоодветен.

Mia Home Mavrovo