ПРВ.мк
Наука/Технологија

Закерберг најави технолошка РЕВОЛУЦИЈА – телефонот ќе стане непотребен, еве кој уред го заменува!

Закерберг најави технолошка РЕВОЛУЦИЈА – телефонот ќе стане непотребен, еве кој уред го заменува!
Kristal

Марк Закерберг ја фрли најголемата технолошка бомба досега – мобилните телефони, уредот без кој денес не можеме да замислиме ден, наскоро ќе станат „прошност“. Според него, приматот го презема нов уред кој ќе ја промени секојдневната комуникација: паметните очила.

Компанијата Мета веќе работи на револуционерниот модел „Орион“, чијашто цел е сосема да го замени телефонот во текот на 2030-тите. Закерберг во интервју за The Verge изјави дека доаѓа време кога телефонот ќе остане во џебот, а сите клучни активности – пораки, навигација, фотографирање, снимање, превод во живо, музика и дури AR/VR содржини – ќе се појавуваат директно пред очите.

Очилата ќе изгледаат како моден додаток, но ќе имаат функции кои денес ги нема ни најскапиот смартфон:

  • Проекција на мапи и насоки во реално време
  • Прикажување информации за објектите што ги гледаме
  • Мерење на пулс и биометриски параметри
  • Фотографирање и снимање без телефон
  • Преведување на говор додека гледаме личност
  • Поврзување со напредна АИ за анализа, асистенција и навигација

Мета веќе ги тестира првите прототипи, претставени уште во 2024 година. Најголемите предизвици сè уште се цената на производството и траењето на батеријата – слабости кои ги урнаа Google Glass. Но Закерберг верува дека овој пат технологијата е подготвена.

Со оглед на тоа што милијарди луѓе носат очила секој ден, тој тврди дека токму тие ќе бидат првата генерација што целосно ќе се откаже од телефонот. Останатите ќе следат подоцна.

Мета смета дека „Орион“ ќе стане уред број 1 во следната деценија – наследник на смартфонот, исто како што телефонот во минатото го замени компјутерот како главен личен уред.

Escape