ПРВ.мк
Наука/Технологија

ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ ЛИ TIKTOK ПОСЛЕ СЕПТЕМВРИ? Судбината на апликацијата во рацете на Трамп и Си

ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ ЛИ TIKTOK ПОСЛЕ СЕПТЕМВРИ? Судбината на апликацијата во рацете на Трамп и Си

TikTok повторно се наоѓа во срцето на геополитичката борба меѓу САД и Кина. Со 170 милиони американски корисници, апликацијата на ByteDance доби уште 90 дена за да ги продаде своите американски операции, откако претседателот Доналд Трамп ја продолжи наредбата за забрана до 17 септември 2025 година.

„Ја потпишав наредбата – TikTok доби уште 90 дена. Ви благодарам!“, соопшти Трамп на Truth Social, алудирајќи на можноста платформата да продолжи да работи, но само под американска сопственост.

Овој потег претставува промена од неговиот претходен, поригорозен став – кога се залагаше за целосна забрана. Сега, Белата куќа вели дека рокот е продолжен за да се осигура безбедноста на податоците на Американците.

Судбината на TikTok останува неизвесна – во игра се политички интереси, технолошка доминација и национална безбедност, а сè повеќе се поставува прашањето: дали апликацијата ќе најде нов сопственик или конечно ќе биде блокирана?

Сподели го овој напис