ПРВ.мк
Македонија

ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ СЕКОЈ ИМА УЛОГА: Општина Кавадарци и „Еко Живот“ со голема информативна акција во центарот на градот!

ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ СЕКОЈ ИМА УЛОГА: Општина Кавадарци и „Еко Живот“ со голема информативна акција во центарот на градот!

Во текот на денешниот ден, службите на Општина Кавадарци, во соработка со Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко Живот“, спроведуваат голема информативна акција во централното градско подрачје.

Преку делење едукативни флаери, граѓаните директно се запознаваат со штетните влијанија од загадувањето на воздухот, како и со конкретните начини на кои секој поединец може да придонесе за негово намалување и заштита на здравјето.

Од локалната самоуправа потсетуваат дека чистиот воздух е грижа на сите нас:

„Чистиот воздух е заедничка одговорност! Со правилно загревање на домаќинствата, одговорно однесување и подигнување на еколошката свест, сите заедно можеме да придонесеме за намалување на загадувањето и создавање поздрава животна средина.“